Дваесет и седумгодишниот С.Х. од гостиварско село, вчера (3 јануари) во 13 часот во СВР Тетово пријавил дека бил измамен од сопственик на скопска туристичка агенција.
Според пријавеното, минатата година во август уплатил аранжман за Египет, но ниту му бил реализиран аранжманот, ниту му биле вратени паричните средства.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.