По завршувањето на судењето „Таргет-Тврдина“ поранешниот шеф на кабинетот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков бил повикан на распит во Кривичниот суд, дознава ТВ21.
Од Основното Јавно Обвинителство за сега не ја потврдуваат информацијата, повеќе детали најавуваат за подоцна. И од Министерството за внатрешни работи не откриваат детали околу приведувањето.
Како што дознаваме Јакимовски бил приведен по завршувањето на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдин“, но засега е непознати за какво кривично дело.