Правникот Насер Зибери со став дека промената на статусот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор е квалитетна одлука. Според него, досегашниот секретаријат за жал не функционирал со својот целосен капацитет. Вели дека секретаријатот во последно време се занимавал со кадровски прашања. Зибери предлага новото министерство да биде раководено од Албанец, кој истовремено ќе треба да биде добар познавач на начинот на кој функционираат институциите врз основните принципи на Охридскиот рамковен договор.
„Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, изминатиот период неколку пати претрпе промена на правниот статус. Последната трансформација, квалитетно ја менува правната положба и од еден орган на администрација се претвора во Министерство, што подразбира еден ентитет со рамноправен статус со сите други министерства. Конкретното решение, кадровското, ќе зависи од субјектите на парламентарното мнозинство кое го застапува албанскиот електорат“, изјави Насер Зибери – правник.