Македонија

За 10 години возовите низ Македонија 82 пати имале незгода на премин, а загинале 85 лица

За 10 години возовите низ Македонија 82 пати имале незгода на премин, а загинале 85 лица

За само 10 години, возовите кои сообраќаат низ Македонија вкупно 82 пати имале незгода на патни премини или раскрсници, при што загинале 85 лица, покажува анализата која ја направи 4NEWS.mk откако денеска во Велес уште еднаш бевме сведови на тешка несреќа која за среќа помина само со повредени лица.

Најголем број на незгоди се регистрирани во 2013 година, кога се случиле рекордни 20, а еден удар се случил и меѓу два воза.

2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Судари 1 1 1 1
Незгоди на патни премини, раскрсници 6 20 19 6 14 1 3 7 6

 

Во изминативе 10 години, загинале и тројца вработени, двајца во 2014 година и еден во 2020 година.

Голем и бројот на несреќи кои се случиле на железниците низ Македонија, а причината била лизгање од шини.

Железнички незгоди според видот, по години
2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Лизгање од шини 28 12 25 11 11 23 16 23 17 19

 

За среќа во изминатите 10 години не е забележан пожар во возниот парк, како што често изминативе месеци тоа го гледаме кај нашиот сосед Бугарија.

Анализата е изработена со податоци од Државниот завод за статистика за 4NEWS.mk

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни