Македонија

Алијанса: Алими требаше да биде награден, а не казнет со 7 години затвор

Алијанса за Албанците најавува жалба до сите правни инстанци на пресудата со која Абдулфета Алими е казнет до 7 години затвор за настаните од 27 април.

-Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими кој е познат како единствениот човек кој го спаси животот на лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села ноќта на 27 април, за нас како партија претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група, однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието врз пратениците и пред се физичката ликвидација на Зијадин Села. Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот тероризам и истиот да се поистовети со групата која тепаше  пратеници во Собранието.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни