Македонија

Утрово најстудено во Берово и Битола

Утрово најстудено во Берово и Битола

Утрово најстудено е во Берово и Битола каде се измерени -7 степени.

-5 степени се измерени во Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, -4 во Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Крива Паланка, Дебар.

-2 степени во Скопје-Зајчев рид, Претор, Гевгелија, -1 степен во Маврови Анови, Охрид.

Нешто потопло било во Крушево каде се измерени 2 степени и 1 степен во Виница и Дојран.

Во текот на ноќта беше ведро, студено и претежно тивко. Утрово е сончево, магливо во котлините, а магла утринава има во Демир Капија.

Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко, наутро со слаба магла. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни