Актуелното раководство на Националниот сојуз на глуви и наглуви заедно со членови на Сојузот организираше протестен марш од зградата на Владата до Основното јавно обвинителство. Причините, како што велат, се обидите за нерегуларно враќање на старото раководство кое било разрешено од државна ревизија, но подоцна и од делегатите на Собранието и одлевањето на над милион денари од сметката на Сојузот со фалсификат потпис на тогаш В.Д. Претседателот Томица Стојановски.
„Сметката на НСГНРМ беше оштетена за повеќе од 1 200 000, оо од каде поголемиот дел извлечени во готовина на име патни и материјални трошоци. Дали ова го слушате г-дине Тахир Хани, замнеик секретар во Владата на РСМ?Дали ова може да го чуе и комисијата за жалби во Централен регистер која сега повторно треба да одлучи?“, изјави Лиза Велковска – генерален секретар на НСГНРМ.
Овие пари поранешното раководство вели дека ги потрошило за заостанати плати, кирии, сметки. Од Сојузот рагираат поради тоа што нивните претходници не сакале да приложат сметки за што ги потрошиле парите. Секретарот на здружението во Прилеп вели кога настанала промената од 15 декември до први јануари се обиделе да ги достават документите, но книговодителот им се заканувал.
„Како може да каже дека сме проневериле 1.000 000 денари кога на сметката немаше толку пари. Има книговодство кај се дадени документите и има кај се потрошени и во Министерсвото се оригиналите, а фотокопијата е кај книговодството“, изјави Димитар Башевски – секретар на ЗГН во Прилеп.
Поранешното раководство пак, вели дека Томица Стојановски актуелниот претседател не е избран легитимно, бидејќи не им бил завршен мандатот на старите делегати.
„Мене ме сменија од претседател и тоа со фалсификат документи и нелегитимно Собрание. Ние имавме состанок тој ден кога беше упадот и не можевме да поверуваме“, изјави Васко Марков – поранешен претседател на НСГНРM.
Стојановски на денешниот протест негираше дека е нелегално на функција.
„Јас на последните избори на 8-ми јануари регуларно добив и влегов во сојузот како претседател, јас сум Томица Стојановски. Доставена е жалба до Владата има некои недоразбирања они треба да се оградат, да се тргнат од овие работи“, изјави Томица Стојановска – претседател на НСГНРМ.
Протест ќе има и во понеделник, вторник и среда пред Центарлниот регистер. Сојузот го сочинуваат повеќе од 7 илјади лица. За одлевањето на сретства од сметката има постапки во ОЈО. Од таму се уште немаме одговор до каде се, и дали ќе има наскоро разврска.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА