Малечката Калија заедно со нејзината сестра дојдоа на протестот против климатските промени. Во над 700 градови во светот, вклучувајќи го и Скопје, младите од средните училишта и студентите, протестираа против климатските промени. Протестот во Скопје повеќе се однесуваше на загадениот воздух.
„За подобра иднина на младите, за чист воздух и за иднината што ни припаѓа нам“, вели еден демонстрант.
Во Скопје излегоа мал број граѓани во споредба со другите градови. Владимир Куновски рече дека тоа е поради ниското ниво на свест кај граѓаните. Протестот е еден вид притисок врз сите влади од светот итно да преземат мерки бидејќи состојбата е поалармантна отколку што изгледа. Куновски рече дека не треба да си многу мудар за да сфатиш дека ништо не се решава, ниту дивите депонии ниту загадениот воздух.
Протестите доаѓаат како поддршка за 16 годишната Швеѓанка Грета Тунберг. Пред неколку месеци почна да протестира против климатските промени, а во декември одржа и говор на конференцијата на Обединетите нации во Полска, што што стана позната во целиот свет.
16 годишна Швеѓанка Грета Тунберг која веќе е номинирана за Нобелова награда за мир.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ