Македонија

Се чекаат резултати за 48 брисеви – родителите бараат дезинфекција на училиштата и градинките

Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата.

„Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје  велат дека нема простор за паника. Се чека резултати уште на 48 брисеви.

„За десет дена земавме некаде 130 бриса од центарот за Јавно здравје кај 82 беа завршени, 48 се во тек. Од тие 82 имаме 3 позитивни, што е исто нормална ситуација затоа што стафилоклокот кај населението го има некаде 3 посто. Сите го имаме, го носиме“, додава Стојанов.

До сега едно дете е заразено со МРСА има од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, а три случаи се регистрирани во детската градинка „Снежана“ во Чаир.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни