Македонија

Антикорупциска ќе го проверува имотот на Иванов – 18 градоначалници заработија прекршочни пријави

Имотната состојба на претседателот Ѓорге Иванов ќе биде ставена под лупа на антикорупционерите. Ова беше објавено на денешната седница на Комисијата за борба против корупција каде беше речено дека проверката ќе ја вршат по допрен глас, откако деновиве во јавноста протекоа информации дека шефот на државата купил два стана на Водно, кои се впишани на име на неговиот син.

„Отворам предмет за проверка на имотната состојба на претседателот. Согласно член 92, врз основа на член 85 претседателот на државата не пријавил промена на имотната состојба  бидејќи не пријавил промена а по допрен глас од медиумите предлагам да отвориме предмет за имотната состојба на претседателот“, изјави Билјана Ивановска – претседател на ДКСК.

Се поведуваат и прекршочни постапки за 18 градоначалници, 6 од нив не доставиле анкетен лист за имотната состојба, седуммина немаат поднесено изјава за судир на интереси, а петмина имаат доставено само изјава за судир на интерес, но не е наведена и функцијата на подносителот. Градоначалниците ќе треба да платат казна од 200 до 400 евра.

БИЛЈАНА ИВАНОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДКСК:

Има шест градоначалници кои што не доставиле анкетни листови тоа се:

Миликије Халими градоначалничка на Арачиново

Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Константин Георгиески, вд градоначалник на Охрид

Исен Асани градоначалник на Теарце

Стефче Трпковски, градоначалник на Сопиште

Има седум градоначалници кои што немаат поднесено изјава за интереси:

Аљбон Џемаили, градоначалник на Боговиње

Зоран Зимбаков, градоначалник на Босилово

Марјан Јанев, градоначалник на Василево

Горан Трајковски, градоначалник на Делчево

Боро Стојчев, градоначалник на Ново Село

Азем Адики, градоначалник на Студеничани

Горан Стојановски, градоначалник на Чашка

И пет градоначалници кои немаат доставено и едно и друго тоа се:

Сашо Јанковски, градоначалник на Вевчани

Борис Георгиевски, градоначалник на Гази Баба

Џемил Ќамили, градоначалник на Долнени

Јордан Насев, градоначалник на Кавадарци

Арија Ибрахим, градоначалник на Центар Жупа

Во врска со проверките на случаите на непотизам, како што рече Ивановска, добиени се документи од институциите од каде што побарале, а ќе бидат побарани и дополнителни податоци по што ќе претстои обработка на тие документи информираа од Антикорупциска.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни