Неколку членови на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица денеска се собраа пред Владата барајќи оставка од заменик секретарот на Владата, Тахир Хани.
Причината за револтот и излегувањето на протестот е загрозувањето и оштетување на сметката на сојузот е направена уште во ноември.
„Сметката на сојузот е оштетена за повеќе од милион и двесте илијади денари. Од сметката се одземени готови пари врз основа на материјални и патни трошоци 650 илјади денари. Сакаме да го прашаме заменик секретарот на Владата, Тахир Хани дали го слуша ова, каква штета во ноември е направена со сметката на Сојузот на глуви и наглуви“, истакнаа на протестот.