Македонија

Колегите на Мара Попара не знаеле дека син и починал – неговите пријатели раскажуваат дека од болка по него згаснала и таа

Колегите на Мара Попара не знаеле дека син и починал – неговите пријатели раскажуваат дека од болка по него згаснала и таа

Денеска одекна веста за смртта на легендарната актерка Катерина Крстева (85), позната како Мара Попара според истоимената улога.

Смртта на Крстева ја растажи јавноста затоа што таа беше лик со кој растеа многу генерации, а денес нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус” открива дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

Тој вели дека е загрижен за син и Александар, кој го поминал детството со неа, во театарот бидејќи татко му починал додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала.

Сепак, блиски пријатели пак на Александар за Фокус истакнале дека приказната е многу потрагична, а очигледно колегите на актерната не знаат дека Александар починал на 36-годишна возраст во месец септември.

Тие велат дека многумина не знаат што се случило, бидејќи актерката сосема се повлекла по неговата смрт.

Велат дека токму таа го пронашла мртов во нивниот дом, а за Александар истакнаа дека бил предобар човек, весел по природа.

„Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, изјавиле за Фокус пријателите на Александар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни