Осудениот руски дисидент Алексеј Навални изјави дека повторно е ставен во самица во казнената колонија североисточно од Москва, а неговиот адвокат рече дека не е во добра здравствена состојба, јави ДПА.
На 31 декември затворските власти му наредија на Навални да биде во самица 15 дена како казна затоа што го изми лицето неколку минути порано од дозволеното наутро. Ова го објави самиот Навални во порака објавена од неговиот тим на Инстаграм.