Десетици маалски кучиња денеска во Струга се убиени со огнено оружје – објави организацијата за заштита на правата на животните Анима Мунди, заедно со видео-снимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.
„Манијак, личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“ – пишува Анима Мунди на својот профил на Фејсбук.
Од здружението реагираат зошто комуналната служба ги собрала убиени животни.