Свет

Јенс Столтенберг: Не треба да ја потценуваме Русија

Јенс Столтенберг: Не треба да ја потценуваме Русија

НАТО мора да ја зголеми помошта за Украина, најави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Русија не треба да се потценува.

„Ние сме решени да го подигнеме нивото на односите меѓу НАТО и Европската унија на ново ниво“, објасни тој, додавајќи дека рускиот претседател  Владимир Путин не успеал во неговиот обид да ги подели западните земји.

Европската унија ќе воведе нови санкции кон Белорусија поради поддршката на Минск за Кремљ, најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз режимот со Кремљ со санкции доколку е потребно. Ќе ги прошириме санкциите на оние кои ја поддржуваат руската војна, како Белорусија или Иран“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни