Курсот на еврото денеска продолжи да расте над нивото од 1,07 долари, објавија германските финансиски публикации,
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута се тргуваше по 1,0750 долари.
Европската централна банка вчера попладне одреди референтна стапка за еврото на 1,0723 долари.