Денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, извести МВР.
Според првичните информации, убиецот во моментов се чува под полициска заштита во Градската болница.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.