Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Македонија

60 деца со посебни потреби оставени 20 часа без струја и греење на Попова Шапка

60 деца со посебни потреби оставени 20 часа без струја и греење на Попова Шапка

50-тина родители и 60 деца со посебни потреби 20 часа се заглавени без струја во хотелот на ЕЛЕМ на Шапка.

„Немаме никаква информација, никој ништо не ни кажува. Има дечиња кои навистина веќе не можат да издржат. Ладно е. Родителите не можат ниту да ги пресоблечат, ниту да ги нахранат децата во колички. Навистина сме во ситуација за која веднаш треба да се реагира“, вели Сузана Стојановска, родител, во телефонски разговор за Сител ТВ.

Единствениот одговор којшто го добиле од менаџментот на хотелот бил, уште од утрово, дека за половина час би имало струја, но веќе 20 часа лицата се без електрична енергија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни