Олимпискиот шампион во уметничко лизгање во танцови парови од Торино 2006 година, Роман Костомаров, е на интензивна нега со пневмонија, изјави за ТАСС освојувачот на сребрениот медал од Олимпијадата во Солт Лејк Сити во 2002 година, Илја Авербух.
„Роман е на интензивна нега, го однесоа ноќе. Прелиминарната дијагноза е пневмонија“, изјави Авербух.
Костомаров на почетокот на јануари учествуваше во новогодишното шоу на Авербух „Волшебникот од Оз“.
45-годишниот Костомаров заедно со Татјана Навка освои златен медал на Зимските олимписки игри во Торино. Двајцата се и двократни светски и трикратни европски шампиони во уметничко лизгање, како и победници во финалето на Гран при серијата.