Свет

Првата дама на САД Џил Бајден ќе биде оперирана

Првата дама на САД Џил Бајден ќе биде оперирана

Првата дама на САД, Џил Бајден, денеска пристигна заедно со американскиот претседател Џо Бајден во воената болница во државата Мериленд, каде што ќе биде подложена на операција за отстранување на лезијата на кожата откриена при рутинска превентивна испитување за рак на кожа, објави Ројтерс, повикувајќи се на Белата куќа.

Малата лезија неодамна беше откриена над десното око на првата дама, а таа ќе биде подложена на амбулантска процедура за да и биде отстранета, рече лекарот на претседателот, Кевин О’Конор, во изјава минатата недела. „Како мерка на претпазливост, лекарите препорачаа [лезијата] да се отстрани“, објасни тој.

О’Конор рече дека првата дама ќе биде подложена на вообичаена процедура во која постепено и внимателно се отстранува тенок слој на кожата за да може да се испита дали има канцерогени клетки. Ова му овозможува на хирургот да биде сигурен дека го отстранил целото заболено ткиво и ја намалува потребата за друг третман или последователни операции, според веб-страницата на клиниката Мајо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни