НАСА објави дека блескавата зелена комета ќе биде видлива од Земјата за прв пат по 50.000 години. Небесното тело е составено од мраз и прашина и испушта зеленикава аура. Има пречник од околу еден километар.
C/2022 E3 ќе помине најблиску до Сонцето во четврток, а најблиску ќе се приближи до Земјата помеѓу 1 и 2 февруари. НАСА објави дека ќе биде видлив од северната хемисфера на утринското небо во текот на целиот јануари. На јужната хемисфера, кометата ќе биде видлива само на почетокот на февруари.