Еврото продолжи да расте утрово во меѓубанкарската трговија во Франкфурт, објавија германските сајтови за финансиски информации.
Единствената валута во одреден момент достигна стапка од 1,0776 долари, што е највисока од мај минатата година, иако малку подоцна се повлече на 1,0752 долари.
Европската централна банка синоќа одреди референтна стапка од 1,0747 долари.
Доларот беше цитиран на 0,9305 евра.