Седмата по ред бура во Калифорнија од Божиќ донесе повеќе дожд во државата, која веќе беше погодена од поплави, силен ветер, прекин на струја и евакуација на цели градови, објави Ројтерс.
Во центарот на Сан Франциско паднаа необични 34,5 см дожд помеѓу 26 декември и вчераутро, додека меѓународниот аеродром во Сан Франциско и градовите Оукланд и Стоктон забележаа рекорди за истиот период, соопшти Националната метеоролошка служба.
Државата како целина забележа 22 см во истиот временски период, што е повеќе од една третина од нејзините просечни годишни врнежи. Во големи делови на Централна Калифорнија, од 26 декември до сега, врнежите паднаа, дури половина од нормата за врнежи за годината.
Прогнозите се дека на крајот на неделата државата ќе ја зафати осмо по ред невреме.
Десетици патишта се непроодни поради одрони од кал и снег. Транспортните власти во државата вчера ги повикаа возачите да не излегуваат со своите автомобили додека не се расчистат патиштата.
Невремето, кое донесе дури 76 сантиметри дожд во некои планински области, уби најмалку 17 луѓе од почетокот на годината, рече гувернерот Гевин Њусом. Вчера откриена е нова жртва – 43-годишна жена која смртта ја констатирала во автомобил кој бил потопен во вода. Во централна Калифорнија во тек е операција за потрага по петгодишно момче кое надојдените води го однеле.
Силните налети ги срушија далноводите и оставија повеќе од 55.000 домашни и нестанбени корисници без струја, но тоа беше многу помалку од крајот на минатата недела, кога бројката достигна речиси половина милион.
Поголемиот дел од наредбите за евакуација во државата се укинати, но не и во градот Планада во централна Калифорнија, кој останува под вода.