Свет

Природниот гас во Европа поскапе за 1,38 отсто

Природниот гас во Европа поскапе за 1,38 отсто

Природниот гас во Европа денеска до 10:40 часот по бугарско време поскапе за 1,38 отсто во однос на цената на затворањето на берзата синоќа, но цената останува под 70 евра за мегават час. Ова го покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Февруарските фјучерси на центарот TTF (TTF) во Холандија се тргуваат по 66,25 евра за мегават час или нешто повеќе од 710 долари за 1.000 кубни метри. Утрово берзата беше отворена по цена од 67 евра за мегават час, додека синоќа беше затворена по цена од 65,35 евра за мегават час.

Податоците од најголемата европска берза за природен гас покажуваат дека од 15 декември цената на синото гориво паѓа. Тогаш за мегават час беше 134,77 евра или 1435 долари за 1000 кубни метри. Минимално поскапување имаше на 28 и 29 декември. После тоа, цената продолжи да паѓа, а најниското ниво на цените го достигна на 4 јануари, од 65,02 евра за мегават час или нешто над 680 долари за 1.000 кубни метри. Пред три дена цената минимално се зголеми и ја мина границата од 70 евра за мегават час, но оттогаш повторно почна да се намалува.

Најголемиот ценовен пик досега на водечката европска берза за гас е забележан на 26 август 2022 година – 346,52 евра за мегават час или околу 3.500 долари за 1.000 кубни метри.

Природниот гас на „Gas Hub Balkan“ во сегментот „Day Ahead“ со ден на испорака за денеска поевтини за 2,51 отсто на 136,34 лева за мегават час во однос на неговата цена со ден на испорака за вчера од 139,85 лева за мегават час.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни