Големите тунели на светот се вистински чуда на модерната градба. Некои од нив се спуштаат под површината на морето и океанот, други се исечени на планини, а заедничко за сите нив е што нивната должина значително надминува 10 километри.
Во Кина, во 2007 година е изграден тунелот Жонгнаншан долг 18,02 километри, кој се наоѓа на автопатот Ксиан-Анканг и поминува под планината Чинлинг. Изградбата на тунелот чинеше 410 милиони долари и траеше повеќе од пет години.
Најинтересен е неговиот необичен дизајн, бидејќи е опремен со вештачки растенија и облаци. Возењето низ тунелот трае 15 минути, доволно за да се види „природата“.
Долгите внатрешни патишта можат да предизвикаат вознемиреност и клаустрофобија кај возачите и патниците, па архитектите и градежниците ја преземаат задачата барем делумно да ги намалат овие чувства.