„Сите прашања што ги имате пратете ги на меилче”. Вака задолжената за односи со јавност во Град Скопје им порача на новинарите кои имаа еден куп прашања за работата на Данела Арсовска, која денеска за прв пат оваа година свика прес конференција и тоа вонредна на која рече обвини дека цементарница Усје загадува и против неа ќе поднесе кривична пријава.
Новинарите во салата меѓусебно коментираа дека речиси секојдневно испраќаат прашања на „маилче“ ама никако да добијат одговор. Градоначалничката исто така ретко кога одговара на пораки и прашања од новинари, а по една година не јасно е и дали конечно го комплетираше тимот кој работи на Односи со јавност, откако претходно неколкумина си заминаа велејќи „со неа не може да се работи“.
Пред почетокот на прес-конференцијата лицето кое од нејзе е задолжено за комуникација со медиуми одеше од новинар до новинар и велеше дека ќе нема прашања.
Новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК по завршување на прес-конференцијата тргна кон градоналничката за да се обиде да договори термин за разговор за повеќе теми поврзани со Скопје, на кои не се добиваат одговори. Лицето за пиар за да ја спречи да се доближи и да ѝ се обрати на Арсовска, ја повлече новинарката за рака. Откако новинарката изреагира да не го прави тоа ѝ рече „да ти помогнам нешто можам јас”.
Арсовска потоа на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“.