Македонија

Патниците се жалат: Во возот Скопје – Гевгелија нема греење!

Патниците се жалат: Во возот Скопје – Гевгелија нема греење!

Моментално сме месец јануари и надвор се минусни температури, но во патничките возови кои сообраќаат низ државава нема греење.

Ваков пример е и возот Скопје – Гевгелија кој од станица во Скопје тргнува во 16:55 часот.

Граѓаните кои ја контактираа редакцијата на 4news.mk велат дека во овој воз нема пуштено греење, и дека е многу ладно.

Како што велат, тие се приморани да седат речиси 3 часа (пристигнувањето во Гевгелије е околу 19:45 часот) стуткани и со јакни на себе.

Како што додаваат, меѓу патниците има и мали деца.

Инаку, ова не е прв пат патниците да останат без греење во зима.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни