Свет

Најмалку 42 загинати во поплавите во Индонезија

Најмалку 42 лица ги загубија животите во поплавите кои ја погодија Индонезија, поточно провинцијата Папу, соопштија локалните власти. Тие додаваат дека бројката може да биде поголема.

Поплавите ги предизвика невреме кое што вчера ја зафати таа област. Во поплавите повредени се повеќе од 20 лица.

-Бројот на жртвите може да биде поголем, затоа што спасувачките екипи не успеаја да стигнат до одредени погодени зони – наведоа властите.

Поплавите се прустини во овој дел од годината во Индонезија, поради обилните дождови кои се присутни од октомври до април.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни