Свет

Маж избоде тројца полицајци во Будимпешта, еден почина

Маж избоде тројца полицајци во Будимпешта, еден почина

Маж доцна синоќа избоде тројца полицајци во Будимпешта. Еден од нив починал подоцна во болница, се вели во полициското соопштение цитирано од Ројтерс.

Осомничениот се обидел да влезе во стан во станбен блок во Будимпешта кога била повикана полиција. Додека тројцата полицајци се обидувале да го приведат, мажот ги избодел и се обидел да истрча на улицата, при што четвртиот полицаец го застрелал во ногата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави за државното радио дека владата ќе му помогне на семејството на убиениот полицаец. Орбан не даде дополнителни информации за осомничениот или за околностите на нападот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни