Свет

Постои „јасна сличност“ меѓу податоците на урнатите авиони на „Етиопиан ерлајнс“ и „Лајон ер“

Црните кутии од урнатите авиони „Боинг 737 Макс 8“ на „Етиопиан ерлајнс“ што се урна пред една недела и „Лајон ер“ кој падна во октомври, покажуваат дека има „јасни сличности“, соопшти етиписката министерка за транспорт, Дагмавит Могес.

-Црната кутија на параметрите на летот покажа дека има „јасни сличности“ меѓу несреќите на двата авиони од истиот модел- рече Могес на прес-конференција.

Прелиминарниот извештај за причините на падот на авионот на „Етиопиан“, ќе бидат објавени за 30 дена.

Токму од страв, Кина прва ги забрани овие авиони, а потоа истото го сторија и од ЕУ и од САД.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни