Свет

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради зимските бури

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради зимските бури

Американскиот претседател Џо Бајден го потврди прогласувањето вонредна состојба во Калифорнија поради невремето што ја погодува државата од 26 декември. Тие предизвикаа смрт на најмалку 19 луѓе, како и поплави, прекини на електрична енергија, лизгање на кал, евакуација и затворање патишта, пренесе Ројтерс.

Бајден нареди локалните и државните напори за помош при катастрофи во областите погодени од силни зимски бури, поплави и лизгање на кал да бидат поддржани со федерално финансирање, соопшти Белата куќа.

Жртвите од окрузите Мерсед, Сакраменто и Санта Круз ќе можат да имаат корист од средствата доделени од централниот буџет на САД, додава американското претседателство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни