Македонија

Го спасивме Гостивар од наркомани, вели Талат Џафери

Го спасивме Гостивар од наркомани, вели Талат Џафери

Пред денешниот собир на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) во гостиварското село Чегране, пратеникот на Беса од овој регион, на Беса, Фадиљ Зендели, преку Фејсбук ги запраша политичките ривали што направиле за Гостивар.

„Едно прашање до господинот Ахмети: за 20 години владеење на ДУИ, дали може да наведете еден проект што го имате реализирано на територија на општина Гостивар, а што е важен за граѓаните и за Албанците од Гостивар? Нема такви проекти г. Ахмети!“, напиша Зендели.

На ова одговори собранискиот спикер Талат Џафери, кој исто така е пратеник од овој регион, пренесе ТВ21.

„А бре Фадиљ Зендели, пратеник на Беса. Поранешен мој војник во 16 бригада. Не ти е ли јасно дека главен проект на Али Ахмети е центарот на Гостивар, кој беше центар на кражби и наркомани, а денеска не е. Во 2005 година, бидејќи за одлуките што ги донесе ДУИ, Али Ахмети, спроведени од ексградоначалникот на општината Невзат Бејта, јас не негирам, центарот на Гостивар стана центар на град, тој тогаш се претвори во град. Но, тоа не го направи еден човек, било да е Невзат Бејта или Талат Џафери, тоа го направи ДУИ“, рече Џафери пред членовите и симпатизерите на партијата во Чегране.

Со исклучок на четирите години (2017-2021) во кои со општината раководеше Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, ДУИ постојано е на власт во Општина Гостивар од 2005 година наваму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни