Свет

ПУКАЊЕ ВО УТРЕХТ: Едно лице им подлегна на повредите, напаѓачот во бегство

Денеска околу 10:45 часот во холандскиот град Утрехт, непознат маж влезе во трамвај и отвори оган. Холандската полиција соопшти дека се истражува дали станува збор за напад со терористички мотив.

Веднаш по настанот полицијата и брзата помош се упати кон местото на настанот. Засега едно лице им подлегна на повредите, а неколку се повредени од нападот.

Напаѓачот веднаш успеал да побегне, а полицијата трага за него.

Во Холандија е прогласен највисок степен на опасност.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни