14-годишно девојче е обвинето дека застрелало и убило 11-годишно дете, откако наводно целеле некој друг.
Полициската управа во Далас соопшти дека пукањето се случило во станбен комплекс во Далас вчера околу 14 часот по локално време.
Две девојки се степале на паркингот, а едната „зела пиштол и пукала во правец на другата девојка со која се тепала“. Меѓутоа, куршумот погодил случаен минувач, 11-годишно момче. Момчето било пренесено во болница, каде што починало, пишува ABC.
Осомничената побегнала од местото на настанот
14-годишната осомничена, чиј идентитет се уште не е утврден, наводно побегнала од местото на настанот, а подоцна била пронајдена во друг станбен комплекс. Таа моментално е сместена во Центарот за малолетничка правда Хенри Вејд. Од полицијата додаваат дека е пронајден пиштолот со кој е извршено убиството.