Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Во Ел Салвадор за 24 часа се регистрирани 219 земјотреси

Во Ел Салвадор за 24 часа се регистрирани 219 земјотреси

Најмалку 130 станбени згради се оштетени во силната сеизмичка активност во Ел Салвадор, предизвикани се лизгање на земјиштето, а повеќе луѓе се евакуирани во засолништа, соопштија властите на оваа централноамериканска земја.

Како што се наведува во соопштението, од неделата попладне до понеделник наутро се регистрирани 219 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од девет километри, во општина Сан Лоренцо, пренесува Ројтерс.

Нема информации за загинати, но потресите оштетија домови и предизвикаа најмалку 20 лизгања на земјиштето, поради што властите издадоа црвен аларм за градовите во епицентарот на сеизмичката активност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни