Свет

ПУКАЊЕ ВО УТРЕХТ: Бројката на загинати се искачи на тројца, деветмина повредени

Бројката на загинати во денешното пукање во Утрехт се искачи на три лица. Претходно беше објавено дека само едно лице им подлегнало на повредите. Сепак, градоначалникот предмалку соопшти дека загинати се три, со напомена дека бројката не е конечна.

Во моментов регистрирани се деветмина повредени од нападот.

Во меѓувреме полицијата објави фотографија од нападот. Станува збор за турскиот државјанин Гокмен Танис кој има 37 години. Засега не се познати мотивите, а напаѓачот и натаму е во бегство.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни