Свет

Матео Денаро се бараше 30 години во Шпанија и Албанија додека беше на Сицилија

Матео Денаро се бараше 30 години во Шпанија и Албанија додека беше на Сицилија

Италијанските власти го уапсија Матео Месина Денаро, за кој се верува дека е бос на сицилијанската криминална организација Коза Ностра. Тој 30 години важеше за „број еден“ меѓу италијанските бегалци и еден од најбараните во светот.

Матео Месина Денаро е роден во 1962 година на Сицилија во семејство на мафијашки бос и го наследил бизнисот на неговиот татко. На 18 години го прави првото убиство и е исклучително близок со претходниот шеф на Коза Ностра. Тој е одговорен за егзекуција на десетици луѓе, вклучително и судии против мафијата.

Тој стана бегалец во 1993 година – тогаш првпат влезе во списоците на барани лица.

Во текот на тие 30 години постоеше и меѓународна потерница за негова потрага. Италијанските власти веруваа дека тој се крие во Шпанија или Албанија. Неколку пати се случило да приведат луѓе кои физички личат на Матео Денаро.

Една од причините поради која не бил приведен е тоа што немало моментална фотографија од него и не е јасно дали направил пластична операција за да биде непрепознатлив.

Некои од теориите велат дека тој дури и ги отстранил отпечатоците од прстите.

Излегува дека Денаро најчесто бил на Сицилија, иако во тоа време посетувал клиники во Барселона.

Италијанските медиуми привлекуваат внимание на фактот дека мафијашот бил фатен на истиот датум кога во 1993 година бил фатен Салваторе Рина – еден од најголемите газди.

Властите и политичките кругови се надеваат дека Матео Денаро ќе соработува со истражителите и ќе сподели информации што ќе доведат до откритија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни