Македонија

Изби пожар во куќа во Струмица – едно лице загина

Изби пожар во куќа во Струмица – едно лице загина

Во семејна куќа на улицата Пиринска во Струмица вчера избило пожар.

Во пожарот едно лице загинало, но истото според јавното обвинителство е предадено на обдукција со цел утврдување на идентитетот.

Настанот се случил синоќа после 20 часот, а во гаснењето на пожарот учествувале три возила со десетина пожарникари соопштија од струмичката противпожарна.

Според соседите, во куката живееле татко и син, а додаваат и дека во пожарот настрадал помладиот сосед.

Денеска на терен излегоа повеќе вештаци кои извршиле увид за да ги утврдат причините за пожарот но и трагедијата што се случила.

Засега не се знаат причините како настанал пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни