Македонија

ДРАМА ВО ГРАД СКОПЈЕ: Секретарот и вработен во обезбедувањето се карале, пцуеле и навредувале

ДРАМА ВО ГРАД СКОПЈЕ: Секретарот и вработен во обезбедувањето се карале, пцуеле и навредувале

Кавга со викање, навредување и пцуење се случила на 9 јануари меѓу секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров и вработениот во обезбедувањето на Градот, Елвис Симоновски, објави СДК.мк.

Нивната расправија започнала уште утрото, а ечела и цела барака 3 каде што е канцеларијата на секретарот Глигоров. На местото се слушало викање, навредување, пцости, како и удари по маса по што била повикана и полицијата, која го потврди случајот.

„На 9 јануари во 12.30 часот, З. Г. (52) од Скопје пријавил дека околу 8.30 часот во канцеларија во Град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е. С. (43) од Скопје, вработен како обезбедување, му биле упатени закани. Со Е. С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.

Симоновски за „Сакам да кажам“ вели дека не го нападнал физички Глигоров туку имале жестока кавга, бидејќи тој прв почнал да го навредува викајќи му „слепец“, „ќорав“, „ништо не работите“, и дека не е првпат оти веќе 7 месеци му врши мобинг.

Од друга страна пак, од Град Скопје велат дека не смеат да бидат под уцена од криминалци.

Според нив, лицето Елвис Симоновски, на ден 09.01.2023 извршил кривично дело, физички и вербално напаѓајќи го секретарот на градот Скопје во присуство на повеќе вработени од градот, за што е уредно пријавен во МВР кое постапува по пријавата.

„Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот.

Санкционирањето на вработени за кршење на работниот ред и дисциплина и тешки повреди на работниот процес е определено со закон и подзаконски акти и не подразбира мобинг. За овие тврдења, лицето ќе има можност покрај кривичната пријава, вистината да ја докажува и пред надлежниот суд.

Инаку лицето Елвис Симоновски има казнена евиденција и кривично досие. Во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела и тоа за фалсификување на исправа, за затајување и тешка кражба. Тоа што ова лице имало поддршка од неговите партиски колеги за толерирање на неговото непрофесионално однесување не значи дека оваа градска администрација ќе подлегне на ваквите партиски притисоци“, велат од Град Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни