Македонија

Запалено стрниште во кочанско – надлежните на терен!

Запалено стрниште во кочанско – надлежните на терен!

ТППЕ Кочани известува дека повторно има интервенција на запалено стрниште во близина на селото Горни Подлог.

Силниот ветер го отежнува гасењето на пожарот.

Моментално на терен се повеќе пожарникари со ПП возила, но итноста на настанот и зафатеноста на пожарникарите повторно не дозволуваат да располагаме со подетални податоци. Интервенцијата е започната во 18, 00 часот.

Покрај овој пожар низ Кочанско Поле горат стрништа и сува трева и на други локации (запалени како припреми за сеидба на обработливите површини), но моментално противпожарната единица интервенира на пожарот кај селото Горни Подлог кој истиот го смета како поголема закана во однос на другите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни