Ако ве нападне куче скитник во Тетово, треба да го проверите правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест.
Имено, според правилникот, за каснување се добиваат од пет до 15 поени, во зависност од тоа каков бил видот на каснувањето, но и бројот на каснувања..

Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од пет до 15 поени.
Граѓаните ќе добијат различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв, за последиците на каснувањето, но и за нивната возраст.
„Врз основа на критериумите од член 12 на овој Правилник, висината на надоместокот за претрпена штета може да се определи во износ:
- До 40 поени – од 30.000,00 денари до 50.000,00 денари
- Од 41-60 поени од 50.000,00 денари до 70.000,00 денари
- Од 61-80 поени од 70.000,00 денари до 90.000,00 денари
- Од 81-100 поени од 90.000,00 денари до 100.000,00 денари.
Инаку, средствата од став 1 алинеа 1 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на општина Тетово.
Правилникот во кој е објаснета целата процедура е објавен на веб-страната на општината ТУКА!