Македонија

Марио Павловски го пронајде и извади светиот крст од водите на Преспанско Езеро

Марио Павловски го пронајде и извади светиот крст од водите на Преспанско Езеро

Општина Ресен и свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија, празникот Богојавление-Водици го одбележаа во Отешево, на брегот на Преспанско Езеро.

Во присуство на голем број верници, дел од нив храбри момчиња, најсреќен учесник беше Марио Павловски кој го пронајде и извади светиот крст од осветените води на Преспанско Езеро.

Пригоден подарок на Павловски му врачи градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни