Македонија

Во Македонска Каменица светиот крст во рацете на Игор Маринковски

Во Македонска Каменица светиот крст во рацете на Игор Маринковски

Иван Маринковски од Македонска Каменица денеска беше најсреќниот кој го извади чесниот крст од водите на Каменичка Река во рамки на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Традиционално, светиот крст за Водици, во Македонска Каменица беше спуштен во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

-Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Игор Маринковски од Македонска Каменица, а од Општината дпби златник и пригодни подароци, истакна градоначалникот Димчо Атанасовски кој на Маринковски му посака добро здравје и многу успех во Новата година.
Денешното одбележување на Водици го проследија стотици граѓани од Македонска Каменица, а на самиот чин на фелањето на светиот крст учествуваа дваесетина учесници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни