Македонија

УЖАС: Се обидел да го убие поради недоразбирање во сообраќајот!

На 18.01.2023 во 17.10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој на 15.01.2023 во 02.26 часот, на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје.

К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни