Македонија

Од полнoќ ќе возиме со поскап бензин, дизелот поевтинува

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата ќе се намали за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа ќе значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V)  ќе се продава за 60,5 денари,  екстра лесното масло за домаќинствата ќе лини (ЕЛ-1) 49 денари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни