Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за ИРЛ откри дека на 5 јануари заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети биле на средба со поранешниот премиер Зоран Заев.
Средбата била во Струмица, а истата траела околу четири часа.
Според Груби, поканата за Али Ахмети да оди кај Заев била од поодамна, но се погласните политички шпекулации за планот на екс премиерот за широка влада со ВМРО-ДПМНЕ но без ДУИ, била поводот Ахмети за првпат во својот живот да ја посети Струмица.
„Сега брзо, на петти јануари, ден после роденденот на господинот Ахмети. Значи на 5ти јануари. Се видовме со господинот Заев како што ви кажав, разговаравме околу четири часа. Он ни беше домаќин, за прв пат господинот Ахмети отиде во Струмица да се види со господинот Заев на негова покана и разговаравме околу актуелностите. Така што и околу господинот Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и премиерот Димитар Ковачевски сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи. Ниту за господинот Заев, ниту за претседателот и премиерот на СДСМ, Ковачевски“, рече Груби во подкастот „Разговор во редакција“.