Македонија

Бујар Османи и Николај Милков утре ќе го посетат натепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид

Бујар Османи и Николај Милков утре ќе го посетат натепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, ќе го посетат повредениот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид, кој се наоѓа на лекување на ВМА.

Ова ќе се случи во недела во 11 часот, информираат од нашето МНР.

Државјанинот на Република Северна Македонија, со бугарски идентитет и секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид, Кристијан Пендиков, е тешко повреден откако бил претепан на 19 јануари.

Здравствената состојба на Кристијан моментално е стабилна, но умерено тешка. Тој треба да биде опериран во понеделник, кога се очекува да биде пуштен од интензивна нега. Моментално има скршеница на ребро и вилица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни