Македонија

Поради чести одрони се препорачува многу внимателно возење по патиштата во Дебарско

Поради чести одрони се препорачува многу внимателно возење по патиштата во Дебарско

На патните правци, што се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење поради чести одрони и влажни коловози, рече за МИА, раководителот Деар Лиманоски.

– Поради обилните дождови присутни изминатите денови на патните правци под наша надлежност има чести но помали одрони од камен и земја. Поради тоа но и влажните коловози препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, рече Лиманоски.
Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Под наша надлежност се патишта во должина од над 110 делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа, посочува тој.

Засега во овој регион снег има на планинските предели, како и на повисоките населени места каде снежната покривка е мала.

Според Лиманоски секцијата има доволно количина абразивен материјал и доколку заврне снег подготвени се да одговорат на обврската.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни