Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села е избран за претседател на Централното Собрание на партијата. Ова е одлучено на денешното Собрание одржано во Куманово, на кое се избрани и останатите раководни тела.
Па, така за генерален секретар е назначен Кренар Лога, за организациски секретар Исен Шабани.
Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела.
Трите нови потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.