По претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид – 23-годишниот Христијан Пендиков, властите во Република Северна Македонија и Бугарија излегоа со официјални ставови.
Претседателот Румен Радев остро го осуди нападот, а на гости во Бугарија отиде министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Петар Колев, лидер на ПП „Граѓанско демократска унија во РСМ“, вели дека соучесник во ова тешко злосторство е целата македонска политичка елита.
„Повеќе од 30 години овој јазик на омраза во независна Македонија се поттикнува, практикува и наметнува како реперкусии, остаток од минатото време на тоталитарната Југославија“, рече Колев.
Според него, нема јасна и дефинитивна реакција од македонското МВР, а тепањето го дефинираше како обид за убиство.
Тој нагласи дека фактите, како и официјалното мислење на македонското обвинителство, укажуваат дека нападот бил нарачан.